Сопругот сака да ја прогласи Беквалац за луда и неспособна мајка


Споругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, има пеколен план да ѝ возврати на пејачката која пред еден месец го пријави оти брутално ја претепал.

Како што пишуваат медиумите, тој планира во судска постапка да ја прогласи за луда, како и да ги убеди сите дека всушност таа него го нападнала.

Исто така, Лука сака и да докаже дека Наташа не е способна да се грижи за себе, ниту за бебето, дека е наклонета кон самоповредување и кон хистерични напад.

Како еден од адутите, според пишувањето во медиумите, тој планира да го искористи и тоа што пред неколку години таа посетувала психијатар.
– Тој не ги бира средствата со кои ќе ја уништи Ната. Планира да каже дека таа е немарна и лоша мајка. Се обидува да докаже дека таа како јавна личност нема време да му се посветува на бебето, а тоа не е точно. Наташа пее само за викенди, а преку недела цел ден е бебето – изјавил изворот на српски Информер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1