Сопственикот на ТопШоп, обвинет за сексуално злоставување жени


Конечно е откриен идентитето на богатиот британски бизнисмен обвинет за сексуално злоставување на жени.

Британецот Сер Филип Грин е обвинет за сексуално злоставување жени . 66 годишниот сопственик на модната компанија ТопШоп ги негира обвиненијата , но британските медиуми ги објавија деталите кои не му одат во прилог. Дејли Меил објави детали од хуманитарната забава на богатиот бизнисмен на која биле злоставувани над 130 жени. Дури и фајненшал тајмс објави дека хуманитарнатаз абава на Грин била пример за сексуално злоставување на хостесите. ,, Најмалку 130 згодни млади жени биле вознемирувани од средовечни мажи. Во текот на вечерата , еден од мажите на хостесата и го покажувал половиот орган, а од други се барало да се соблечат и да танцуваат на маса.” , така е опишан хуманитарниот настан нна кој имало дури 360 мажи.

Сер Филип Грин сето тоа го коментирал со зборовите дека ,, таму не се случуваше ништо поразлично отколку во кој било ноќен клуб во Лондон”. Бизнисменот е опишан како непријатен човек и на работното место , каде се изживувал врз вработените , а особено кон жените.

Инаку , тој е дел од светскиот џет сет и се дружел со злогласниот холивудски продуцент Харви Вајнстин , како и со манекенката Наоми Кембел. Медиумите често пишуваа за расипништвото на Грин.

Тој за својот 50 роденден изнајмил авион за 220 гости и ги однел на Кипар. На сите гости , меѓу кои и Род Стјуарт и принцот Алберт од Монако им набавил тоги , а тој бил облечен како римскиот император Нерон .

На забавата се испиле 1 000 шишиња вино, 400 шишиња шампањ и се изеле 40 килограми кавијар.

Сер Грин , пак за 55 роденден , кој го славел на Малдивите , ги ангажирал да го забавуваат Џорџ Мајкл, Џенифер Лопез , Рики Мартин и групата Gladys Knight & the Pips.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1