Сопственикот, возачот и 4 вработени во „Дурмо турс“ седнуваат на обвинителна клупа за несреќата кај Ласкарци


Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување.

durmo turs

„Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“, соопштија од Судот.

По оценетиот обвинителен акт, информираат од Кривичниот суд, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а отткако ќе биде наложен термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Сопственикот на Дурмо турс, возачот на автобусот и уште петмина се обвинети за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 патници а 38 беа тешко повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1