СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: ЈАНЕВА НЕЗАКОНСКИ ГИ ИЗБРКАЛА ОБВИНИТЕЛКИТЕ


Брутално, без да спроведе законска постапка, специјалната обвинителка Катица Јанева со асистенција на судската полиција ги исфрлила од канцеларија колешките Лејла Кадриу и Марија Ѓоргева, тврди претседателот на Советот на јавните обвинители Аневски откако обвинителките беа сослушани.pretsedatel anevski sovet obviniteli

Со ова Јанева, како што оцени претседателот на Советот, го прекршила законите за јавното обвинителство и за за работните односи. Иако веќе не се дел од нејзиниот тим, двете обвинителки и натаму фигурираат како вработени во специјалното обвинителство.

„Донесовме заклучок дека таа непрофесионално, неетички и незаконски, ги отстранила двете јавни обвинителки, а нас не извести по пет дена. Таа во својот исказ кажува- погрешив и во иднина ќе се трудам да контактирам со вас и да не донесувам вакви одлуки“, изјави претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски.

Јанева ќе треба да поведе и дисциплинска мерка против обвинител од нејзиниот тим кој вршел притисок врз судија од Управниот суд, рече Аневски. Судијата се пожалил дека обвинител од тимот на Јанева додека разговарале во кафеана го малтретирал и терал да признае зошто донел одредена одлука пред неколку години.

„Тоа е непристојно однесување на таков јавен обвинител, меѓутоа во оваа фаза одлучивме претставката да биде испратена до јавниот обвинител Катица Јанева и истата да си преземе мерки против тој јавен обвинител“, рече Аневски.

По ова прашање Советот ќе побара од Јанева да преземе мерки против обвинителот и за ова да го извести советот за етика.

Mtv.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1