Судот одреди 30 дена притвор за советникот на градоначалникот во општина Шуто Оризари кој зема мито од 1.000 евра за да легализира дивоградба. Кривичното дело за кое го товари обвинителтвото е примање награда за противзаконито влијание.
„Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект“, соопштија од јавното обвинителство.