Советот на ЕУ денеска со одлуката за преговорите со Македонија


Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, вчера, ден пред клучниот состанок на ЕУ-министрите, повторно ги повика земјите членки да го наградат како што оцени импресивниот напредок на Македонија, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција.

– Знаете дека препорачавме отоврање преговори со Скопје и Тирана, овој процес мора да се заснова на заслуги, што значи дека кога има напредок тој мора да биде признаен и да биде охрабрен и придружуван. Се надевам дека земјите членки ќе ја донесат вистинската одлука, рече Могерини.

Екатерина Захариева, шефот на диплиматијата на Бугарија, која како актуелен претседавач со ЕУ ќе претседава со Советот на ЕУ за општи работи, изјави дека по постигнатиот договор за името со Грција, Советот треба да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија. Захариева вели дека повеќето земји членки го поддржуваат ставот веднаш да биде упатена поканата за почеток на преговори, но додава дека постои уште работа за да се убедат дел од државите кои се скептични.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас порача дека ЕУ мора да го исполни своето ветување во однос на почеток на формалните преговори со како што вели, Северна Македонија и Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1