Создадоа честичка која ги менува белите дробови


Тим лекари од детската болница во Бостон создадоа микро-честичка која може да биде уфрлена во крвта за да им даде кислород на белите дробови без никаква помош .

lungsЧестичките можат да го одржат пациентот во живот 30 минути по престанувањето на работата на белите дробови – што во нормални околности е доволно да се спречи срцев удар или оштетување на мозокот по недостиг на кислород.

Секоја честичка содржи три до четири пати повеќе кислород отколку нашите црвени крвни зрнца. Кислородот е сместен во мембраната направена од масти.

Иако таа може да биде направена од други материјали, во минатото честичките се заглавувале во капиларите, а обвивката од масти е доволно флексибилна за да се избегне ова.

Докторот Џон Кир првпат почна да бара начин да се достави кислород во крвта без дишење по трагичното искуство со еден од неговите пациенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1