Спас за сите што се плашат од игли и вадење крв


Сите оние кои се плашат од тестирање на крвта заради стравот од игли, во иднина нема да доживуваат кошмар кога ќе треба да го сторат тоа затоа што научниците измислија минијатурен гаџет кој се носи под кожата и дава инстант резултати и тоа преку мобилен телефон.

vadenje krv aparatceШвајцарскиот тим кој работеше на создавањето на гаџетот кој има должина од само 14 милиметри, тврди дека преку него симултано можат да се проверат пет различни супстанци во крвта, а резултатите се доставуваат преку Bluetooth. Производот се очекува да биде достапен на пазарот во период од четири години.

Овој гаџет се вметнува во ткивото веднаш под кожата на стомакот, нозете или рацете и може да остане со месеци.

Ова не е прв пат истражувачи да работат на некој ваков пронајдок, но според создавачите на овој гаџет, тој се разликува од останатите по тоа што може истовремено да анализира различни супстанци.

Кајгана.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1