Руските безбедносни служби пронајдоа и деактивираа уште една експлозивна направа во метро станицата во центарот на Санкт Петербург, соопшти рускиот Национален комитет за борба против тероризмот.
Експлозивната направа е пронајдена на метро станицата „Плошчад Востанија“, додека експлозијата се случи помеѓу станиците „Сенаја плошчад“ и „Технологически институт“, при што загинаа девет лица, а повредени се 20.
Претставникот на руското Државно обвинителство Александар Куреној експлозијата ја оцени како терористички напад.
Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно изјави дека се разгледуваат сите опции.