По 48 часа од затрупувањето на хотелот во Италија од снежна лавина, неуморните спасители, пронајдоа и спасија уште две деца кои биле под урнатините.
Спасени се вкупно десет луѓе. Вкупно четири деца кои се сметаа за исчезнати се најдени и спасени, потврдија од италијанскиот Црвениот крст. . Спасувачите работеле деноноќно, откако го растргнувале снегот, за да можат кучињата да бараат. Така биле откриени преживеаните живи под снегот – спасени од воздушен џеб.
Засега бројот на загинатите е четворица. Најмалку 20 лица се уште се водат за исчезнати.
Според проценките, во хотелот во моментот на несреќата имало триесетина луѓе, гости и персонал.