Спасовски: Интерпол да ја објави потерницата по Груевски


МВР неколкупати контактира и поднесува документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

Интерпол, вели Спасовски, се уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена.

Нагласи дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.

Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

Во врска со тоа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ вршела влијанија врз судии и дали тоа е пријавено во обвинителството, Спасовски одговори оти тоа е факт.

-Вие сите како новинари разговарате за „сваровски судство“ и за вршење притисок врз судството. Јас на моето интервју укажав и сега укажувам дека за подобрувањето на правниот амбиент во државата, на можноста да имаме навистина правда за сите во државата, треба навистина да се поведат одредени истраги и против судии, и против обвинители, и против припадници на МВР ако сакаме беспрекорно да имаме подобрување во оваа сфера. Затоа што не е прифатливо МВР да отвора случаи, да ги води, да дојдеме до ситуација на покренување истрага, апсења и по неколку часови тие исти луѓе да бидат пуштени од страна на судот, рече Спасовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1