Специјалните единици успеале да се пробијат до возилата на обиколницата во Скопје во близина на село Стајковци, и им помагаат на луѓето што биле заглавени, пренесува Нова Македонија.
Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина, поради свлечиште кое формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите.
Повеќе граѓани кои побараа помош преку социјалните мрежи, напишаа дека во некои возила има и бебиња и мали деца.