Специјално марамче открива дали имате грип


Ќе го избришете носот во марамче и тоа станува зелено, жолто… Но што ако таа боја може да ви открие од што се всушност болни? Германските научници работат токму на оваа идеја: на марамче кое покажува разлика меѓу обична настинка и грип. Тие тоа го велат „лабораторија во марамче„

brisenje nosЛабораторијата во марамче работи слично како тестот за бременост- оној тип кој можете да го купите во аптека- самошто е малку посложено. Во структурата на ова марамче, молекулите кои имитираат антитела се врзани за полимер. Ако неколку од овие молекули се врзе за вирусот, полимерот автоматски ја менува својата структура. Или, како што научниците сакаат да кажат, полимерот се распаѓа, пишува Дојче веле.

Ова распаѓање го предизвикува сигнал, како што е реакција во материјалот на марамчето и произведува боја.Полимерот и другите молекули можат да се исткаат и од нив да се направи текстил.

Франк Бир е директор на овој проект и научник на Институтот Фраунхофер за биомедицински инженеринг во Потсдам. Овој институт е една од 14-те научни установи и партнери од индустрискиот сектор кои работат на проектот „лабораторија во марамче„.

-Мислевме за разни решенија, како што се фластери, крпи за чистење но на крајот се одлучивме за марамче. Тоа е добро име за проектот- иако е во прашање многу повеќе од марамче- вели Бир.

Научниците велат дека нивната работа води кон „нова генерација на клиничка дијагностика„ иако на минатата генерација клиничка дијагностика-таканаречена „лабораторија во чип„- се уште чека да го освои пазарот.Тие се развиени да ги мерат соединенијата во крвта и другите течности и да воочат симптоми кои покажуваат дали пациентот, на пример, доживеал срцев удар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1