Специјалци ги раздвојувале: Мераклии се испотепаа за бесплатниот воз до Демир Капија


Турканици, тегнења и расправии имаше утрово на железничката станица во Скопје, каде што се насобра толпа народ за бесплатниот воз кон Демир Капија. На станицата дојдоа трипати повеќе луѓе отколку што собира возот, па бргу настанаа турканици и немили сцени во кои луѓето, претежно пензионери, буквално се влечеа едни со други за да дојдат до место во вагоните, објави Република.policija zeleznicka

Нервозата се зголеми уште повеќе кога насобраните разбраа дека прво треба да си обезбедат бесплатен билет за да влезат во возот. Дел од нив веќе имаа билети, но повеќето сакаа да влезат без билети во возот. На вратите стоеја полицајци кои мораа да контролираат кој има билет со себе.

Но, кога ситуацијата стана уште потензична, на перонот се појавија и припадниците на Единицата за брзи реакции кои се распоредија пред влезовите во возот.

Откако се појавија специјалците, дел од насобраните, кои беа без билети, но и тие што имаа билет во рака, се откажаа од намерата да патуваат кон Демир Капија. Околу девет часот возот, сепак, тргна, а тие што извисија почнаа да викаат и да исвиркуваат во знак на незадоволство.

Причините за толкавиот интерес за патување кон Демир Капија денеска е манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун“, која традиционално се одржува по повод празникот на лозарите.

Возот требаше да тргне од Скопје во 8.10 часот, во Демир Капија да пристигне во 10 часот, а кон Скопје треба да се врати во 15 часот. За време на манифестацијата, на плоштадот ќе има бесплатно јадење и пиење, шведска маса, вино и ракија.

На централниот настан денеска ќе има свечено закројување на винова лоза, базар за традиционални производи и културно-уметничка програма. Ќе настапат КУД „Мирка Гинова“ и естрадните уметници Блага Петреска, Евто Пупиновски, Јордан Митев, Виолета Томовска, Адријана Алачки, во придружба на оркестарот на „Зајди, зајди“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1