Според директорот на УБК, прислушување во Македонија веќе нема


Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, вечерва во интервју за ТВ „Телма“ изјави дека прислушување во Македонија веќе нема, иако не можеше да прецизира од кога точно.

„Само легално, нелегално прислушување нема“, беше категоричен Николовски.

Николовски исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и сè уште се утврдува за што точно било користено. За присуството на Горан Живаљевиќ, претставникот на српската амбасада и разузнавач во Собранието за време на крвавите настани, Николовски рече дека не побарал и не добил дозвола да биде таму од Управата за безбедност и контраразузнавање. Да биде таму и не било во опсегот на неговиот мандат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1