Корисниците од ресторанот на тенискиот терен Југ, Воен стадион, тениските терени со пропратните објекти, спортската сала Парк, ресторанот во спортската сала Парк и Луна паркот во општина Центар утре од 8:45 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Архитект Никола Добровиќ бр. 17, влез 3 во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.