Спречен терористички напад во Париз: Уапсен 15- годишник


Малолетник на возарст од 15 години, кој се подготвувал да изврши терористичка акција, е уапсен денеска во Париз, соопшти француската полиција.pariz-640x446

Малолетникот преку интернет бил во контакт со 29-годишниот Рашид Касим, член на џихадистичката организација Исламска држава, кој е осомничен дека стои зад неколку напади или обиди за напади на џихадистите во последните месеци во Франција.

Се смета дека Касим стои и зад убиството на двајца полицајци во Мањаваил во јуни, зад нападот во црквата Сен-Етјен-ди-Рувре на крајот на јули во кој загина свештеникот Жак Хамел, како и зад обидот за бомбашки напад на три млади жени во Есон на 8 септември.

Со следење на контактите на Касим на социјалната мрежа Телеграм, француските разузнавачки служби во последните неколку недели успеала да разоткрија и да уапсат неколку лица осомничени за терористички активности.

Во саботата во Париз беше уапсени друг малолетник на возраст од 15 години, кој исто така бил поврзан со Касим. Претходно, во четвртокот во Руел Малмезон беше уапсено уште едно лице од мрежата на Ксаим.

– Се наоѓаме во исклучително високо ниво на мобилизација, изјави денеска француксиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

Во неделата, премиерот на Франција, Мануел Валс изјави дека заканата од тероистички напади во Франција е „максимална“.

– Разузнавачките служби, полицијата и жандармеријата секој ден спречуваат напади, разбивајќи ирачко-сириски канали, рече Валс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1