Спремајте две илјадарки ако не ви се слави Нова година пред телевизор!


До најлудата ноќ во годината останува уште многу малку, дел од скопјани знаат каде ќе слават, на останатите им останува што побрзо да се одлучат. Граѓаните за дочекот имаат неколку опции: да се забавуваат во некои од скопските кафулиња, дискотеки или кафеани, да одат на плоштад и да слушаат домашна музика или пак најевтината варијанта е да си останат во домашна атмосфера со најблиските, на топло и со полна трпеза, пишува Вечер

Fireworks explode near a bronze sculpture of Alexander the Great on his horse Bucephalus, in Skopje's central square during New Year celebrations January 1, 2012. The statue, which measures 12.5 metres in height and stands on a 10 metre high pedestal, is part of a cultural project "Skopje 2014". REUTERS/Ognen Teofilovski (MACEDONIA - Tags: ANNIVERSARY CITYSPACE SOCIETY)И оваа година локалите кои организираат новогодишни прослави понудија мени со празнични цени. Оние што ги прашавме велат дека цените за дочекот ќе се движат од илјада денари па нагоре, во зависност од тоа за каков вид прослава ќе се одлучат скопјани.

– Кај нас цените за дочекот се 2100 денари со неограничено пиење, а од храна ќе има мешана скара, прасечко месо, даски, салати. Гостите ќе ги забавува бендот “Моја куќа”, а на полноќ ќе има изненадување. Веќе има интерес, велат од ресторанот “Моја куќа” кој се наоѓа во населбата Аеродром.

Од кафулето “Драма” кое се наоѓа на улица “Македонија” велат дека годинава нивната понуда за најлудата ноќ е 1000 денари со 5 пијачки.
– Како и минатата година така и оваа ќе имаме диџеј, а годинава цената е 1000 денари со 5 пијачки, вели менаџерот на “Драма”.

Менаџерот од клубот “Миднајт” ни кажа дека за новогодишната забава ќе се погрижи пејачот Ѓоко Таневски и диџејот Дела, а влезот ќе биде 700 денари со три пијачки.

Во старо-новото диско “Експо” кое се наоѓа до железничката станица, за новогодишната ноќ ќе настапува диџејот Курт Маверик.
– Влезницата е 300 денари и со неа нема пијачка, додека пак, за резервација на коњопој со 4 влезници и флаша алкохол ќе чини 4000 денари, вели еден од менаџерите на диското “Експо”.

Како минатите години, така и оваа, заради повисоките цени голем дел од граѓаните велат дека ќе ја избегнат прославата во некој од скопските локали и најлудата ноќ ќе ја поминат во домашна атмосфера.

Сите граѓаните кои ќе се одлучат за бесплатна забава, новогодишната ноќ можат да ја поминат на градскиот плоштад, а таму ќе се забавуваат со домашните естрадни уметници. Калиопи, Тијана Дапчевиќ, Мустафа Имери, изведувач на народни песни, и дуото Роберт и Панки ќе ја загреваат новогодишната атмосфера на плоштадот Македонија. Концертот ќе започне во 21 часот и ќе трае се до раните утрински часови, а на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1