Возот што претпладнево од Белград, првпат по 1999 година, се упати кон Косовска Митровица, по неколку часови чекање на станицата во Рашка, вечерва се упати назад кон српскиот главен град.
Како што објави електронското издание на весникот „Вечерње новости“, одлуката на српските валсти за враќање на возот е донесена поради „безбедносни причини“.
Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва одржа вонредна прес-конференција на која ги обвини властите во Приштина дека „подготвуваат воени игри“ и дека планирале „да го запрат возот и да започнат големи судири“.
– Утрово тргна патнички воз, не тенк или оклопно возило, кој треба да ги спојува луѓето и градовите во согласност со законите на сите земји во светот и со вредности на ЕУ, но тогаш почнаа да се случуваат неверојатни работи, изјави Вучиќ.
Тој, како што јави Б92, обвини дека „албанските специјални сили“ се обиделе да минираат дел од пругата, но тоа „не го направиле на вистинскиот начин“.
– Тогаш испратија Албанци со долги цевки… кои на (преминот) Јариње требаше да го запрат возот и да ги уапсат машиновозачите и патниците во возот и со тоа да предизвикаат големи судири – рече Вучиќ.
Возот попладневво беше запрен на станицата во Рашка, откако беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат експлозив на пруга, со најава дека тој е наменет за возот Белград – Косовска Митровица. Видео снимката беше објавена на Фејсбук страницата „Една нација“, но од неа не можеше да се утврди на кое место е поставен експлозивот и дали воопшто станува збор за посочената пруга.
По извршената проверка, специјалните тимови на косовската полиција не пронајдоа никаков експлозив на пругата, која од границата со Србија до Косовска Миторвица е во должина од околу 40 километри.
– Нашите единици извршија целосен преглед и можам да кажам дека нема никакви проблеми и тие не пронајдоа ништо, изјави заменик-командантот на регоналната управа „Север“ на косовската полиција – Бесим Хоти.
Тој нагласи и дека доколку од полицијата биде побарано, таа ќе го спречи обидот за влез во Косово на српските официјални претставници што се наоѓаат во возот.
Ваквата најава уследи откако претседателот на Косово, Хашим Тачи порача дека косвските институции треба да го спречи влезот на возот на косовска теритотија.
– Неприфатливо е да се дозволи влез во Косово на воз кој има националистички налепници, што е во спротивност со уставот и законите на Косово – објави Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој нагласи дека ја почитува слободата на движење, но дека е неприфталиво да се овозможи влез на возот со кој патуваат високи официјални претставници на Србија, кои немаат дозвола за влез во Косово.
– Овој воз е провокација и косовските власти треба да ги преземат неопходните законски мерки за да го спречат неговото движење – порача Тачи во објаата на Фејсбук.