Србија и Хрватска се борат со мразот во реката Дунав


Двата унгарски мразокршачи доведени во Дунав со цел да го искршат мразот во реката меѓу Србија и Хртватска, можно е да не успеат да продолжат по течението на реката, поради што е можно од хрватската војска да се побара да постави експозиви, јави ДПА.dunavsmrznat

Бродовите беа испратени согласно тристраниот државен договор со цел намалување на заканите од мраз во реката, вклучително и штети на инфраструктурата и поплави.

Унгарските бродови требаше да пристигнат во Вуковар, Хрватска, до синоќа, но едвај пристигнаа до Дал, на околу 20 километри нагоре по течението, јави „ХРТ“. Таму се оформиле формации од мраз со должина од 10 километри и дебелина до метар и половина.

Ако мразокршачите не успеат да го расчистат патот за нормално течение на реката, хрватската војска може да биде повикана да го разбие мразот со експлозив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1