Министерот за трговија на Србија Расим Љајиќ изјавил дека производителите на брашно од Србија имале проблем со извозот во Македонија, бидејќи Македонија им вовела нецарински бариери кој не биле во согласност во принципите на ЦЕФТА, објави РТС.
“Македонските власти не сакаат да ги приатат сертификатите на наште
лаборатории и не пуштаат камионите со брашно од Србија да влезат во земјата се додека тие не спроведат неопходни контроли и анализи во свои лабаратории,, изјавил Лајиќ за агенцијата Бета.
Сето ова доаѓа по информациите дека во пченицата увезена од Србија имало олово. Произведувачите на брашно од Македонија побараа да се провери и увезеното брашно од оваа земја за да се види дали и тоа е контаминирано.
Србија пак негира дека контаминирана пченица би можела да биде увезена од Србија бидејќи при увозот подложела на строги контроли.