За две години Србија своите златни резерви ги зголемила за речиси 2,5 тони.
Богатството во овој благороден метал пораснало од 14,9 до 17,4 тони, и со тоа Србија според количеството на скапоцености е на прво место помеѓу поранешните југословенски републики, на второ место е Македонија со 6,8 тони златни, Босна и Херцеговина со 3,5 тони, Словенија со 3,2 тони , потоа следат Грција и Бугарија, , пренесува српскиот портал „Новости“.
Девизните резерви на Народната банка на Србија на крајот на ноември изнесуваат 10,27 милијарди евра . Најголемиот дел од девизните резерви, околу 69 отсто, Србија ги држи во хартии од вредност.
Според последните анализи на Светскиот сојуз за злато Србија поседува 17 златни полуги што сочинува околу 5 отсто од вкупните девизни резерви, и е водечка земја во регионот според количините на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.
Со златото се постапува мудро и конзервативно, во него се држат околу 5 отсто од девизните резерви, а тоа е тоа што и се препорачува на Србија.