Србија не се откажува од Русија и Јужен ток – ќе се гради и покрај се


Русија и Србија ги потврдија досега постигнатите договори во врска со гасоводот „Јужен поток“ и потребата проектот да биде реализиран, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во посета на Белград.

lavrov-dacic-300x168– Сите досега донесени одлуки остануваат во сила. Нема никакви промени во плановите, истакна Лавров на заедничката прес-конференција со првиот српски заменик-премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Лавров додаде дека нема сомнение дека прекинот на проектот е привремен.

– „Јужен поток“ е единственото системско решение на проблемот со снабдувањето со гас на Југоисточна Европа, рече Лавров.

– Србија, која од почетокот на 2015 година ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе вложи максимални напори за решавање на кризата во Украина, изјави од своја страна Дачиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1