Србија официјално застанува на чело на ОБСЕ


Србија денеска официјално ќе го преземе од Швајцарија претседавањето со ОБСЕ на Постојаниот совет на оваа организација во Виена

Српските власти веруваат дека тоа ќе биде можност земјата да се покаже како конструктивен и сериозен политички партнер во екот на украинската криза, која ги заостри односите меѓу Западот и Русија.

obse

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ пред Постојаниот совет ќе ги изложи приоритетите за време на претседавањето, а Србија, како што изјави, ќе има многу сериозна должност – да се труди да биде кредибилен претседавач кој ја ужива довербата на сите страни и кој ќе преземе мерки и чекори во правец на деескалирање на судирите и конфликтите.

– За нас ќе биде од суштинско значење дали ќе ги оправдаме очекувањата. Сите нè поддржуваат во тоа и за нас ќе биде една голема обврска, а истовремено и дел од нашите севкупни надворешнополитички активности за подобрување на меѓународната положба на земјата, како и нераскинлив дел од целосната владина политика, нагласи српскиот министер за надворешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1