Србија: Поп лихвар – дава кредити на свештеници и собира камати


Банатскиот владика Никанор наплатува камата на пари што свештеници ги добиваат од црковниот Фонд за солидарност, објави Блиц. Договорот за кредит-заем во кој весникот имал увид, се исти како од банка, а не како да станува збор за црковен документ.

spc mitropolitИмено, весникот тврди дека се наплаќа камата од пет отсто. Владиката парите ги исплаќа во евра, а рокот на отплата е 18 месеци. Како што објави Блиц, во тој фонд на епархијата свештениците уплаќаат годишно од 170 до 240 евра. Целта при основањето била свештениците да си помагаат едни на други.

– Тоа е фонд да помогнеме едни на други, Претходно се трудевме секогаш во т.н. управен одбор на Фондот да бидат млади свештеници..Така беше се додека владиката не загосподари и со Фондот, изјави епархиски свештеник.

Од епархијата за весникот велат дека владиката и таквиот антицрковен кредит го дава со камата само на оние за кои тој ќе се одлучи.

– Дава до 2.000 евра и буквално пред УО сам одлучува, вели соговорникто на Блиц. Репотерот на Блиц запрашал и за тоа каде оди каматата од заемите, но според свештеници од таа епархија на СПЦ, тоа е непознато.

– Досега не сме го виделе ни Статутот, бидејќи ги кријат. Кога се работи за парите, тоа е  недопирлива зона штитена од владика, вели еден од свештениците.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1