Србија забрани додавање шеќер во соковите


Во „Службен весник“ во Србија неодамна е објавен нов правилник за овошните сокови и сродни производи кој наметнува нови ригорозни правила за оваа индустрија кои ќе почнат да се применуваат од први јули 2020 година, пишува весникот „Политика“.
Утврдени се нови нови правила од Директивата 2012/12ЕУ што се однесуваат на додавање шеќер во соковите. Таа состојка како додаток веќе нема да биде дозволена во овошните сокови, овошните сокови од концентриран овошен сок и овошни сокови во прав. Затоа ќе бидат забранети и амбалажите кои често се употребуваат „Без додатен шеќер“.

Додавање шеќер, мед или засладувач ќе биде толерирано само во производство на нектар и тоа во количина до 20 отсто од вкупната маса на готовиот производ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1