Владо Маринковиќ од Белград го тужел најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ дека објавил фотографија која србинот тврди дека е негово авторско дело.
Маринковиќ во 2010 година ја поднел тужбата против Ноле и фирмата „Abies Net“, од Белград поради повреда на авторски права и од нив, по оваа основа, побарал 300,000 динари.
Но, потоа Маринковиќ изгледа се предомислил и тужбата против Ѓоковик ја повлекол.
Се работи за објавување на фотографии за кои тужителот смета дека е негово уметничко дело, кое е објавено без негова согласност. Но, тој тужбата ја повлекол, така што Ѓоковиќ повеќе не е тужената страна во овој предмет.
Но, не е познато за која фотографија се работи, како ни поради што оштетениот го тужел Ноле.