Злосторството се случувало во Бари, Италија каде што Србинот моментално живее и работи.
– Девојката во саботата седела во инвалидска количка и просела. Откако покрај неа поминале полицајци таа почнала да вика, па им раскажала на полицајците дека нејзиниот партнер ја терал да проси со часови, заканувајќи и се дека ќе ја убие и ќе го повреди нејзиното семејство.
Србинот наводно подолго време ја тепал и сексулално ја злоставувал немоќната девојка.
Девојката е префрлена во болница, при што било утврдено дека била силувана ноќта пред да собере храброст и да им раскаже се на полицијата. Од ударите таа имала скршен заб и модринки по целото тело.