Србинот Братислав Стојанович (43) повеќе од 15 години живее во гробница на староите гробишта во Ниш и тоа е негов дом.
43-годишниот бездомник се преселил во 100 години стариот гроб немал веќе каде да оди. Никогаш немал постојана работа па прво живеел во напуштени куќи пред да се всели во гробницата.
Според него, живеењето со мртвите било страшно на почетокот, но подоцна се навикнал.
Тој го преуредил гробот во суво и топло место и подобро од тоа да спие на улиците.
Задолжените за гробиштата сметаат дека господинот Стојанович може да остане колку што сака се додека не им пречи на останатите посетители.
Според нивната изјава, сопствениците на гробот се непознати а натписот на плочата одамна се избришал. За бездомникот кои живее на гробишта објавија и “Yahoo! News” и “РОЈТЕРС“.