Српските државјани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини низ змејава но само за oдење и враќање од Грција. Беплатните патарини ќе важат само за Коридор 10 кој води кон граничниот премин Богородица, но нема да важат за патување кон Охрид поради тоа што на овој патен правец нема електронска наплата. Владата ќе додели 200 000 електоронски картички со по 760 денари и ова ќе ја чини државата 2,8 милиони евра. Картичките ќе се делат на Табановце и ќе може да се искористат во периодот од 15 јуни до 15ти август.
„760 денари чинат патарините од граничниот премин Табановце до Богородица и толку средства ќе има на секоја од картичките. Сто денари чини изработката значи 860 денари за едно возило. Пресметките за бројката од 200 000 картички се направени преку анализи на поминати возила во претходните години. Споредбата е направена со 2019 во која имаше рекорден приход од наплата на патарина и транзитираа рекордни бројки на туристи. , изјави Душко Арсовски портпарол на Влада.
По искористување на сумата на картичката, србите ќе можат самите да ја надополнуваат за идни патувања низ земјава. За изработката на картичките е задолжено ЈП за државни патишта.
Премиерот Заев претходно рече дека бесплатните патарини се во знак на благодарност за вакцините кои ги донираше Србија.
Земјава од Белград доби 48.000 вакцини, а над 15.000 македонски граѓани се вакцинираа во Србија.