Анализата на американскиот научник со руско потекло Анатолиј Кљосов покажала дека србите се најстариот народ во светот. Во неговото истражување биологот од Харвард до овие податоци дошол преку анализа на гените.
Тој тврди дека Србите се пранарод на сите денешни Словени, но и многу други европски народи. Според неговиот научен труд српски ген имаат над 60 отсто од денешните жители во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Данска, северниот дел од Германија, јужниот дел на Скандинавија и голем дел од Велика Британија.
Во својот научен труд Кљосов зборува за Јафет, синот на библискиот лик Ное, кој првично се населил во долниот ток на Дунав, во денешна Србија, за потоа да тргне кон север.
Тој тврди дека генетските анализи докажале дека Србите се пранарод на сите денешни Словени но и многу други европски народи. „Српските гени Р1а1 се стари цели 12 илјади години додека гените на другите народи се стари од 4 до седум илјади години.
Сите народи во Европа (освен два) имаат преку 40% српски или прасрпски гени“, – тврди Клјосов, претседател на управата на научниот универзитет на меѓународното геолошко биро.
Според неговиот научен труд е изработена и карта на српските гени која покажува дека 60% од цела Југославија, Скандинавија и дел од Велика Британија имаат српски гени!