Србов: Како парите на УСАИД завршуваат во СДСМ?


На facebook страната на Американската Амбасада во Македонија последниве денови можеме да забележиме зачестени објави со графикони кои укажуваат каде биле трошени средствата од УСАИД кои влегуваат во Македонија. Не е јасно зошто токму сега има ваква отчетност, можеме само да претпоставиме дека тоа е резултат на информациите кои велат дека Стејт Департментот ќе отвори истрага токму на оваа тема, но нејсе, и покрај тоа, повторно немаме детален преглед каде се трошени средствата туку имаме само поделба по сектори.

За да се дојде до информација каде навистина се трошени средствата од УСАИД потребно е многу истражување и споредбена анализа на информациите од повеќе извори бидејќи тие честопати се контрадикторни едни со други.

eden

Финансиите кои САД ги има инвестирано во Македонија преку УСАИД се импозантни и јас лично сум пресреќен што нашата држава добиваше таква поддршка во минатото. Но, не може а да не се забележи дека последните 4 години средствата кои пристигнуваат од даночните обврзници на САД директно или индиректно се користат во полза на политичка партија во државата.

За вмрежаноста на УСАИД Македонија со Сорос досега имавме пишувано и зборувано во многу наврати со конкретни примери. За да бидеме доследни во изнесувањето факти, тука ќе потсетам на само уште еден од многуте примери. Станува збор за 27 грантови доделени на граѓански организации во јануари 2015 година во висина од 868.670 долари. На конкурсот се пријавиле 151 граѓанска организација а средства добиле 27 организации, и по некоја „случајност“ станува збор за организации кои подоцна беа дел од „Граѓаните за Македонија“ – коалиција на СДСМ со соросовите организации. Меѓу другите, од даночните обврзници на САД, пари добила „ЦИВИЛ“ на чие чело стои Џабир Дерала кој е еден од најгласните членови на „шарената револуција“. Како што може да се види, „ЦИВИЛ“ преку ФООМ е директно финансирана од УСАИД, од она што можеме да го согледаме во јавност лесно е да се востанови дека „ЦИВИЛ“ и Џабир Дерала најпристрасно поддржуваат една политичка опција во Македонија.

Сепак, не е воопшто спорно што Дерала поддржува некаква политичка опција, тоа е легитимно право на секој човек, но не е дозволиво капацитетите на невладината да ги подредува во полза на политичка партија бидејќи тие капацитети се стекнати од УСАИД, од пари на даночни обврзници. Само за потсетување, на денот на изборите, Џабир Дерала во многу наврати излегуваше на прес конференции и алармираше за наводни нерегуларности, за на крај, ваквите наводни нерегуларности да ги сведе на изборните места каде што СДСМ имаше таргетирано да се прегласува и за кои имаше поднесено приговори до ДИК. Истата „ЦИВИЛ“ на Дерала како свој експерт го има Сашо Ордановски кој преку своите анализи, поставени во видео формат на страната на „ЦИВИЛ“ често пати шири говор на омраза, но за тоа во друга прилика.

dva

Сумите кои ги гледате на графичкиот приказ се финансиите кои УСАИД директно ги врбизгала во соросовата ФООМ во периодот 2013-2016, без да се вклучени во нив финансиите кои УСАИД ги префрла на организации кои се под капата на ФООМ. Токму заради ова, Конгресменот Трент Франкс, најавувајќи ги новите истраги на Генералниот инспекторат и Генералната канцеларија за сметководство на САД, изјави дека е недозволиво американски пари да одат во организации поврзани со Џорџ Сорос. Тоа едноставно не е принципиелно. На ова се надоврза и Стив Бенон, најбликскиот соработник на Доналд Трамп, кој започна да се интересира за соросовите организации во регионов и како тие се вмрежени со УСАИД.

tri

Анализирајќи го посредното финансирање на Сорос во Македонија од страна на УСАИД, можеме да заклучиме дека во 2015/2016 година овој тренд се зголемил и било избегнато директното префрлуваање парични средства на сметката на ФООМ од страна на УСАИД.

cetiri

ПАТОТ НА ФИНАНСИИТЕ

Како завршуваат паричните средства на даночните обврзници на САД на сметката на една политичка партија во Македонија? Соработката помеѓу УСАИД и Сорос веќе ни е позната, но интересена е шемата по која парите завршуваат во СДСМ.

pet

УСАИД по основ на донации за проекти префрла парични средства на сметката на ФООМ. Од тука има разгранување, два правци кои водат до иста цел. Првиот е, ФООМ префрла средства на три Авторски агенции, од авторските агенции средствата се префрлуваат на сметките на активисти кои ги гледавме на сите протести организирани од СДСМ. Вториот правец е, ФООМ префрла пари на нејзините организации ќерки, а тие во вид на хонорари ги префрлаат на активисти. Активистите кои добиваат парични средства од Авторските агенции подоцна се појавуваат како донатори на политичката партија СДСМ.

Сето ова отвара сомнеж дека се врши злоупотреба на парични средства кои САД со децении ги доделува за развој на државите, меѓу кои и Република Македонија. За жал, наместо овие парични средства да беа користени за унапредување на нашето општество и за зближување на двете земји и народи, тие беа користени за наше општествено, економско и безбедносно уназадување преку создавање на политичка криза во државата. Јас се надевам дека новата администрација во САД ќе го спроведе она што го вети, ќе ги пресече сите дејствија кои создаваат јаз помеѓу САД и нејзините партнери низ светот. Време е нештата да се променат и заедно со САД да растат и нејзините партнери.

Никола Србов / Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1