Кугларска репрезентација на Македонија го освои сребрениот медал на Светското екипно првенство во куглање, кое вчера заврши во унгарскиот град Залаегершек.
Во големото финале македонските куглари, загубија од фаворизираната селекција на домаќин Унгарија со 7:1, откако неколку часа претходно го совладаа сега веќе поранешниот светскиот првак Србија со 5:3.
Поразот од Унгарија беше единствениот за „црвено-жолтите„ на Мундијалот на кој до диналето забележаа пет победи и тоа: Македонија-Црна Гора 7:1, Македонија-Полска 7:1, Македонија-Чешка 8:0, (четвртфинале) Македонија-Австрија 6:2, (полуфинале) Македонија-Србија 5:3.
Македонската кугларска репрезентација е признаена и преставена под уставното име на земјата.