Средба Ахмети – Палмер


Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со заменик помошникот на државниот секретар на САД, г. Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија, г. Џес Бејли.

На средбата се дискутираше околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.

Ахмети ги потенцираше напорите за постигнување на потребната подршка во Собранието и истакна дека петокот беше само почеток на повеќе месечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа.

Нашиот конструктивен придонес нема да изостане во наредните недели до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

Земјата и регионот немаат друга алтернатива освен Евроатланската интеграција и усвојување на демократските западни стандарди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1