Средба Димитров-Рикер: САД се свесни за успехот од Договорот од Преспа


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Министерот Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата. „Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рече МНР Димитров.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија и во Регионот.

Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО. „Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1