Шеснаесетгодишнo момче од Скопје е нападно со чекан и ограбено синоќа во 18.45 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, засега непознат сторител со сериозна закана со чекан на малолетникот му одзел мобилен телефон.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.