Средношколка паднала од автобус во движење


Средношколка од тетовското село Боговиње добила тешка повреда на главата и во неконтактибилна состојба итно била пренесена на скопските клиники откако вчера околу 14 часот паднала од автобус во близина на бензинската пумпа во Долно Палчиште, соопшти СВР Тетово.

Полицијата соопшти дека првичните сознанија од извршениот увид укажуваат на тоа дека девојката се превезувала со автобус на „Башким турс“ што го управувал И.А.(49) .

Тој на полицијата и изјавил дека девојката се обидела што побрзо да слезе од автобусот зашто и испаднал мобилниот телефон и како што изјавил возачот слегувајќи се сопнала и паднала на тротоарот. Веднаш застанало друго возило кое се движело зад автобусот со кое тешко повредената девојка била пренесено на хирушкото одделение во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош во неконтактибилна состојба итно била однесена на клиниките во Скопје..

Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости околу овој случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1