Песната е заштитена до 2030 година, а приходот на име на авторски права на наследниците им носи околу 2 милиони долари годишно
Според Гинисовата книга на рекорди, оваа песна е најпрепознатлива на англиското говорно подрачје, а преведена е уште на 18 јазици.
Мелодијата ја напишале сестрите Пети и Милдред Хил, уште во 1893 година, а оригиналниот наслов бил “Good Morning to All” (добро утро на сите). Пети била директорка на детска градинка,а нејзината сестра работела како учителка по музика и композиторка. Песната ја користеле во педагошки цели.
Роденденската верзија е објавена во 1912 година и по ова, таа почнува да го освојува светот. Песната е заштитена до 2030 година, а приходот на име на авторски права на наследниците им носи околу 2 милиони долари годишно.
Најпознатите изведби на песната се варијациите на Питер Хајдрих. Тој на оваа тема направил 14 варијации, односно ги аранжирал во стилот на великаните на музичката истторија – Моцарт, Бах, Хајдн и Бетовен