Среќен роденден МАКЕДОНИЈО !!


„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!

20130226-makedonija znameОва беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина… На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Но, поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Денес Македонија е призната под уставното име од над 130 држави, а со преку 170 има дипломатски одности. Меѓу тие кои не ословуваат со Република Македонија се и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина.

На заседанието на ЕУ во Загреб во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, но поради спорот  името наметнат од Грција, земјата се уште не добила датум за преговори со унијата.

Денот на независноста на Република Македонија ќе биде одбележан со бројни свечености и манифестации.

Нека ни е честит Денот на независноста!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1