Српската и Италијанската мафија во војна поради секс – Србин спиел со жената на италијанскиот бос!


Причина за судирот помеѓу италијанската и српската нарко мрежа не бил пазарот на наркотици, туку секс афера, утврдила Миланската полиција која ги пресретнала разговорите во текот на подготовките за апсењето.

italijanska-policija-1354397845-236321Сексот без обврски на еден помалку истакнат член на српската банда со жената на италијанскиот бос Томазо Дијак, довело до судир во нарко подземјето во Милано, пренесува „Блиц“.

-Ќе го убијам, ќе го исечам на делови и ќе го фрлам на свињите. Иако мој човек бил со неговата жена, јас ќе ја завршам оваа војна, се слуша во пресретнатиот разговор на еден од водачите на српскиот нарко клан Бојан Џукиќ со сопругата, пишува весникот. Српскиот нарко бос и рекол на сопругата да го земе детето и да оди на море додека трае ова

Имено, кога секс-аферата била откриена, Томазо го повикал Џукиќ и неговиот соработник Дејан Џолиќ на состанокот,  за да ги израмнат сметките.

Меѓутоа, штом излегле од автомобилот, Томазовиот соработник Иван Бафуно пукал и за среќа никој не настрадал бидејќи средбата била организирана во близина на основно училиште, каде што во тој момент се наоѓале стотина деца.

Според весникот, миланската полиција го уапсила Џукиќ и Џолиќ, како и Томазо Дијак и Иван Бафун, но и уште тројца нарко шефови.

Џукиќ и Џолиќ ќе бидат обвинети, за трговија со оружје со кое го снабдувале целиот град Милано.

Првиот човек на српскиот нарко клан Милутин Тодоровиќ- Мики, бил уапсен на почетокот на март кога полицијата го пресретнала неговиот камион со кокаин, се наведува во весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1