Славица Дејановиќ, српската министерка и потпретседателка на Социјалицстичката партија на Србија, денеска ќе биде оперирана по страшната сообраќајна несреќа која ја доживеа вчера.
Нејзината состојба, откако нејзиниот автомобил удри во камион, за среќа е стабилна, но таа итно беше префрлена во болница заедно со нејзиниот возач кој е полесно повреден.
Таа ќе биде оперирана денеска, бидејчи има скршеница на раката.
Несреќата се случи синоќа кога министерката се враќаше од митинг на премиерот Александар Вучиќ.