Српскиот актер и пејач го потресе цел Балкан


Еден од најпопуларните актери во Србија и дел од дуото „Фламингоси“, Маринко Маџгаљ минатиот месец се оперираше од рак на панкреас.

Тој на својот фејсбук профил им се заблагодари на сите фанови за подршката која му ја даваат.

marinko-madzgalj500

Пријатели, пристигнаа многу пораки. Сите сте драги, љубезни и полни со убави зборови и убави желби. Ви благодарам за секој напишан збор, благодарам за сите медикаменти што ми ги препорачувате, благодарам за желбите за побрзо оздравување. Ќе се потрудам побрзо да заиграм на сцена, да застанам пред филмската и ТВ-камера и повторно да бидам со вас, но и да запеам. Ве сака вашиот Маки.

Здравствената состојба на актерот и пејач а потресе цела Србија, но најмногу неговите најблиски, меѓу кој и неговиот пријател и колега Огнен Амиџиќ.

Тој на Маринко му посака што побрзо да оздрави и да заборави на сите проблеми

– Убеден сум дека Маринко ќе се опорави. Верувам во него и знам дека ќе биде добро, рекол Амиџиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1