Српскиот претседател Николиќ ќе се пензионира


Претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе се пензионира. Барањето ќе го поднесе по 31 мај кога му завршува претседателскиот мандат.tomislav_nikolic_790

-Ги исполнив сите услови за пензија, уште функцијата ме држи. Имам 65 години и 45 години стаж, цел живот работам, изјавил Николик за српските медиуми.

Тој, по напуштањето на функцијата има право на канцеларија, советници и секретарка, автомобил, обезбедување, дипломатски пасош.

Според српските медиуми, 6 месеци по завршувањето на функцијата, Николиќ ќе прима претседателска плата, а тој период може да го продолжи на свое барање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1