Стаклен небробоен ѕид ќе ја брани Ајфеловата кула од терористички напади


Ајфеловата кула од есен ќе биде окружена со непробоен безбедносен стаклен ѕид, висок два и пол метри, за еден од симболите на француската престолнина да биде заштитен од терористичка закана, јавуваат денес француските медиуми.

„Непробојната ограда ќе биде поставена околу просторот кој ја окружува Ајфеловата кула”, им кажал на членовите на градското собрание Бернар Годијер, претседател на Друштвото за користење на Ајфеловата кула“, пренесува весникот „Le Parisien“.ajfelova policija

Безбедносниот ѕид ќе чини, како што наведува парискиот дневник, 20 милиони евра.

Иако ја сфаќаат потребата за обезбедување на овие знаменитости, некои членови на градското собрание стравуваат дека славната кула може да се претвори во тврдина, и предупредуваат дека новите безбедносни мерки не би требало да го променат архитектонскиот изглед на околината на кулата.

– Сите работи на обезбедувањето на Ајфеловата кула се вршат во соработка со Здружението на архитекти на Франција, за ѕидот што подобро да се вклопи во оваа населба – рекол службеникот на градската управа задолжен за туризам, Жан-Франсоа Мартен.

Стаклениот ѕид нема да биде единствена новина – и сообраќајот околу Ајфеловата кула ќе биде целосно реорганизиран, при што ќе биде воспоставен безбедносен појас во соработка со полициската управа, наведува „Le Parisien“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1