Стаклен телевизор – најнов изум


 „Филипс“ го претстави најновиот телевизор „Дизајн Лајн“ кој е целосно изработен од едно парче стакло.

televizor od stakloТелевизорот доаѓа со големина од 46 и 55 инчи. Филипс Дизајн Лајн нема подножје и изгледа како една целина, а дизајниран е така што едноставно треба да се потпре на ѕид.

Дизајнерот Френк Ретенбаер истакнува дека при создавањето на телевизорот целосно е заменет конвенционалниот начин на производство, додека шефот на дизајнот Род Вајт нагласи дека нивната цел била да направат „предмет на желби“.

Со телевизорот доаѓа и Филипс Амбилајт технологија, која проектира бои од екранот на околните ѕидови. Останува непознато каков ќе биде конечниот квалитет на сликата и цената на телевизорот кога тој ќе се најде во продажба во април годинава. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1