Двајца научници, Паул Винзвиг и Паулина Залитски, работејќи во близина на крајбрежјето на Куба, користејќи робот подморници, потврдија дека гигантскиот антички град постои на дното на океанот. Во него се изградени градби во форма на пирамиди, како уште неколку структури кои што се наоѓаат длабоко во просторот на Бермудскиот триаголник.
Според одредени истражувања, катастрофата најверојатно настанала во последната ледена доба, откако копното на кое што бил изграден градот, било потопено од страна на морето. Како што Артичкиот мраз со неверојатна брзина се топел, предизвикал зголемување на нивото на океаните, насекаде низ целиот свет, а тоа особено влијаело и на Северната Хемисфера.
Островските линии се промениле, голема површина на земја била загубена, дури и некои од континентите исчезнале. Во периодот од ледената доба, морското ниво било речиси 400 метри подоле од денешното ниво. Откако водата почнала да расте, тоа било крај за Антлантида. Ниту денешната технологија не би можела да му помогне на градот да го спаси од подводниот гроб.
Според новинарот Луис Мариано Фернандез, градот бил откриен пред неколку декади, но сите пристапи биле стопирани поради Кубанската ракетна криза.
„Американската влада го откри наведеното место за време на Кубанската ракетна криза во 60-те години на минатото столетие. Нуклеарна подморница се движела во голфската струја во длабокото море каде што ги има откриено пирамидалните структури. Тие веднаш го имаа окупирано целото место, со цел истото да не биде завземено под контрола на руските власти“, вели Фернандез.
Научниот тим од истражувачи на дното на океанот, археолози, океанографи открија рушевини од античките градби кои се наоѓале 600 метри на дното на океанот. Тие велат дека овој град е потопената Атлантида.
Пирамидите се поголеми и од оние во Египет
Доказите дека Куба би можела да лежи на некогашната моќна култура, се поддржани од страна на научникот Паулина Залитски која ги открила симболите изгравирани на самите пирамиди кои што имаат сличност и со оние на Кубанскиот остров. Користејќи ја подморницата научниците открија пирамида слична по формата, но далеку поголема од онаа во Египет, Гиза. Тие процениле дека истата била направена со камења тешки дури по стотици тони. На камењата имали изгравирано реченици на досега непознат јазик.
Уште една кристална пирамида била фотографирана во Бермудскиот триаголник, за која што се верува дека првично била откриена во 1960 година од стрна на француски доктор, кој што предводел експедиција од нуркачи од Франција и Америка.
Ваквите нови докази за откривањето на загубениот потонат град Антлатида може да ја промени целата човекова историја“, смета Фернандез.
Тој во своите книги пишува дека камењата од кои што биле изградени пирамидите било забележително дека истите тие биле исечени а потоа и полирани, од други поголеми градби.
Од проектот „Експлорамар“ се очекува да се дознае повеќе за ваквите градби и мистерии кои што се наоѓаат во рамките на бермудскиот триаголник
Пред седум години National Geographic објави сторија на нивниот веб-сајт и план за откритие на целата сторија и понатамошно истражување на целиот овој регион.
Во 2005 година тие се откажале од ваквиот проект.
Некои велат дека тоа има врска со односите меѓу Куба и САД, а други пак веруваат дека има нешто и подлабоко од тоа. Паулина научникот кој што требала да го води целиот проект вели дека и требале 2,000,000,00 долари за да почне да ги буши пирамидите за да ја испита внатрешноста на истите.
Но, наеднаш се откажала од истиот и се преселила во Мексико, каде што работи на други два проекти непознати за јавноста.