Станови во Солун по багателна цена


Кризата ги големата понуда на станови во Солун ја симнаа цената на 200 до 600 евра за квадратен метар.

Според истражувањата на пазарот на недвижнини, во Солун по 200 евра за квадратен метар се бара за становите на приземје, додека пак до 600 достигигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките катови.solun

Оние кои веќе купиле стан во Грција велат дека се се завршува преку агенција, адвокат и нотар.

Дополните трошоци за купопродажба изнесуваат 13 проценти од вредноста на станот, а нов сопственик може да станете за помалку од 2 месеци.

Пресметката на трошоците за еден стан од 40 квадратни метри е: цена – 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост – 900 евра (3%); нотар – 900 евра (3-4%); впишување – 180 евра (0,4%); преведувач – 100 евра; адвокат – 500 евра; агенција – 1.200 евра; приклучок за вода и струја – 250 евра; годишен данок -120 евра. вкупни трошоци – 4.030 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1