Стара жена шамарана во струшко Октиси бидејќи се прекрстила


Имамите не смеат да ги користат минарињата на џамиите за да ги повикуваат верниците на протести и блокади, особено не против подигањето на некој друг верски објект за кој е издадена уредна дозвола за градба. Џамиите и минарињата треба да се користат исклучиво за верските обреди и за ширење на исламското учење и вредности, пишува Дневник.

oktisi2Во случајот, тоа правило е очигледно прекршено. Сега треба да се утврди дали тие имале дозвола од Струшкото муфтиство кое им е надлежно за да направат таков чин. Вакво објаснување вчера добивме од исламските теолози упатени во правилата врз основа на кои функционираат верските службеници на ИВЗ откако двајцата имами завчера од минарињата ги повикаа исламските верници во Октиси, Струшко, да ја блокираат градбата на мала православна црква.

Повиците од двете селски џамии се случиле во сабота навечер откако претходно никој од жителите во Октиси не навестил дека ќе се спротивстави на градбата на параклисот кој беше пропаднат. Во текот на изминативе денови работниците без проблем го уредувале местото предвидено за камен-темелник и за кој објект надлежните органи ги издале сите потребни документи за градба. Но, ненадејно, двајцата имами во попладневните часови решиле да ги повикаат луѓето на протест.

– Имамите се надлежни за местата во кои работат како службеници. Но, не можат од минарињата да повикуваат на протест за објект за кој постои дозвола. За да го направат ова морало да имаат дозвола и согласност прво на Струшкото муфтиство или на ИВЗ. Струшкото муфтиство треба да го испита случајот. Ако ја немале дозволата, треба да ги санкционира бидејќи повикувале на немири – вели нашиот соговорник.

Во ИВЗ вчера не можеше да се добие коментар за целиот случај ниту, пак, одговор на прашањето дали имамите имале „благослов“ да го направат тоа.

Во Октиси, пак, полицијата вчера го обезбедуваше местото на кое треба да се гради параклисот посветен на свети Димитрија. С` уште е непознато кога ќе биде одржана средбата на која треба да се бара решение за настанатиот проблем. Исламските жители од селото и порано се противеле на обновувањето на параклисот кој треба да се најде на парцелата која ~ припаѓа на МПЦ-ОА.

Според сознанијата, главната причина претставници на исламското население да ги прави блокадите било несогласувањето на жителите од селото кои се од исламска вера во непосредно нивното соседство да има христијански храм. Инаку, во селото има две џамии при што, според неофицијалните извори, во едната с` повеќе се забележува присуството на порадикални верски структури. (Б.Ѓ.)

ШЛАКАНИЦА ПОРАДИ КРСТЕЊЕ

Пред извесно време во Октиси се случил инцидент порвзан со верски мотиви откако еден од жителите-муслимани ~ удрил шлаканица на една постара жена од православна вероисповед. Причината била зошто жената се прекрстила во моментите кога поминувала токму покрај локацијата на која сега треба да се подигне параклисот. Освен што ја удрил тој ~ порачал дека тука „не може да се крсти“. Полицијата му поднеле кривична пријава, но во струшкото обвинителство ја отфрлиле.

Извор: Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1