Најстарата жена во Шкотска е Џеси Галан. Таа има 109 години и тврди дека тајната на нејзината долговечност е во тоа што ги избегнувала мажите.
Џеси никогаш не била во брак, родена е во мала колиба со две соби, спиела во соба со петте сестри и едниот брат.
– Секогаш бев понастрана од мажите, бидејќи тие носат повеќе зло отколку добро. Освен тоа многу вежбав, се хранев здраво и никогаш не се омажив – изјави Џеси.
Најстара жена во светот е Мисао Окави, која во март прослави 116 роденден. Вдовица е 83 години, а нејзниот маж починал во 1931 година.
Истражувањата во САД покажуваат дека тајната на стогодишниците е во тоа што многу се дружат со пријателите и членовите на семејството и редовно прават физички вежби.