Стартува судскиот процес за собранискиот настани од 27 април минатата година


30-мина седнуваат на обвинителна клупа за собраниските настани од 27 април. Пратеници, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, вработени во МВР – сите се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и помагање во извршување на кривичното дело.

Основното јавно обвинителство на крајот од март годинава го поднесе обвинителниот акт. Три месеци подоцна, кривичен објави дека расправата за овој предмет почнува на 22 август, а процесот ќе го раководи судијката Добрила Кацарска. Во следниот период закажани се вкупно 37 термини за главна расправа, за што се подготвувале документите за спровод на обвинените кои се во куќен притвор но и останатите странки во предметот.

Од една до 13 и пол години затвор се казните кои ги одреди судот за тепачите на Села. Во текот на постапката, Основното јавно обвинителство понуди видео снимки на кои се гледа како обвинетите се однесувале со пратеникот кој се наоѓал во собранискиот прес центар и начинот на неговото извлекување.

Во завршницата на постпаката, јавниот обвинител откри дека со изрекувањето на затворските казни, предметот не е затворен. Видео снимките упатувале на тоа дека и други учествувале во тепањето на Села па се работи на обезбедување нови докази и проширување на постапката кон други лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1